Индиските земјоделци војуваат со папагали, кои станале зависници и ги уништуват полињата со афион.
Овие птици чекаат земјоделците да ги исечат плодовите од афион и потоа тргнуваат по својата доза.
Птиците научиле дека не смеат да креваат галама за да не бидат фатени на дело, поради што во својот поход по афион одат во тишина. Откако ќе го искинат плодот, папагалите одлетуваат високо во крошните каде уживаат во својот плен.
Земјоделците пробале се за да ги избркаат птиците од своите посеви, но ништо не им помага, ниту тапани, ниту петарди.
– Мораме да минуваме часови во полињата за да го заштитиме афионот, се жалат земјоделците и додаваат дека бројот на папагали зависници секоја година е се поголем.
Овој бизарен феномен прва го забележала Државната канцеларија за наркотици.