Германија испорачува оружје за Турција и покрај спорот со Ердоган

Од:

Германија само од почетокот на оваа година и испорачала на Турција оружје вредно 21,8 милиони евра, иако германските медиуми на почетокот на неделата известуваа за тоа дека на Турција поради кршењето на човековите права се повеќе и се ускратува испораката на оружје.

Германската Влада соошти дека се отфрлени 12 барања за испорака на оружје, а причината е зголемената загриженост поради надворешно политичките репресии во Турција.

Меѓутоа според наводните на германското Министерство за економија, кое е одговорно за издавање одобрение, од 1 јануари 2017 година, значи за само два и пол месеци, се одобрени 54 испораки на оружје за Турција, со вкупна вредност од 21,8 милиони евра.

Двете најголеми испораки се во категориите бомби, торпеда и ракети, чија вредност изнесува речиси 18 милиони евра. Тука се и испораките кои содржат опрема за воени бродови, воена електроника, како и осум дозволи за испорака на непознат број пиштоли.

Од Германија лани во Турција се извезени оружје и воена опрема во вредност од 84 милиони евра, што значи дека месечната испорака била во вредност од седум милиони евра. Значи од почетокот на оваа година месечната испорака се зголемила на девет милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници