Белата куќа и ја честиташе на Европската унија 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор и основањето на Европската економска заедница, со порака дека двата континета ги делат истите вредности и посветеноста на унапредување на мирот и безбедноста.
– САД и ја честитаат на ЕУ 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор во 1957 година и основањето на Европската економска заедница. Нашите два континета делат исти вредности и пред се иста посветеност за унапредување на мирот и просперитетот преку слободата, демократијата и владеењето на правото, се наведува во честитката.
Белата куќа исто така порача дека заедно со ЕУ се радува на заедничката безбедност и просперитет во следните 60 и повеќе години.