Тилерсон ќе се сретне со Ердоган за време на посетата на Анкара

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе се сретне за време на посетата на Турција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти Стејт департментот.

– Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон заминува за Анкара на 30 март за да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и други високи турски државни претставници, што ќе биде во насока на продолжување на соработката на САД со нашиот сојузник во НАТО на високо ниво, нагласи Стејт департманетот.

Во соопштението се нагласува дека Тилерсон планира да ги разгледа натамошните начини за борба против групацијата Исламска држава.

Тилерсон по Турција ќе се упати за Брисел за посета на седиштето на НАТО.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран