ИД презеде одговорност за нападот врз руска воена база во Чеченија

Од:

Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот напад врз руска воена база во Чеченија, во кој загинаа шест војници.

ИД во соопштение објавено на џихадистички интернет-страници наведува дека „нападнала воена база на руската Национална гарда“ при што воделе неколку часовна борба, убивајќи најмалку шест војници пред да бидат елиминирани.

Претходно, портпарол на руската армија изјави дека група од осум екстремисти се обиделе да упаднат во гарнизонот на Националната гарда во областа Наурски, северна во Чеченија. Во инцидентот убиени се шестмина екстремисти, а двајца успеале да избегаат.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот