Славија на продажба за 7,35 милиони евра

Од:

Агенцијата за управување со одземен имот преку јавна берзанска аукција на 19, 20 и 21 декември 2012 година, преку Македонската берза АД Скопје, ќе понуди за продажба пакет акции издадени од „Славија“ АД Скопје.

Продажбата се однесува на 4.285 обични акции во пакет по принципот се или ништо.

Акциите се со право на глас и ќе бидат понудени на јавна берзанска аукција на посебен сегмент за тргување на Берзата, со почетна цена по една акција од 105.473 денари или 1.715 евра. Ова значи дека вкупниот капитал, кој ќе се понуди на продажба, е со почетен износ од 7,35 милиони евра.

Тој изнесува 98 отсто од вкупниот, додека останатите 2 отсто од капиталот или 88 акции, се во сопственост на приватни лица.

Пред аукциската продажба, со акциите на АД „Славија“ не се тргувало на неофицијалниот пазар на Берзата.

АД „Славија“ во последните две децении најголем дел од приходите, над 99 отсто, остварува од наеми.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Власта имаше намера да ја даде АД Славија на свој олигарх по нереално ниска сума

Агенцијата за управување со одземен имот не се откажува од продажбата на акциите на АД „Славија“

Влада: Продажбата на акциите од АД Славија е запрена поради барањето за времена мерка доставено до Судот

Ана Ололовска

Агенција за управување со одземен имот: ДПМНЕ со денови ја лаже и манипулира јавноста, за да избегне одговорност за распродажбата на објектите со кои ја обезвредни АД Славија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста со вредноста на АД Славија тврди СДСМ

Арсовски: АД Славија секоја година има приходи од 50 милиони денари