Путин ја прими Марин ле Пен во Кремљ

Од:

Лидерот на францускиот екстремно десничарски Национален фронт, Марин ле Пен, која е кандидат за претседател на Франција беше примена денеска во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.

– Русија придава големо значење на односите со Франција, при што се стреми да одржува избалансирани дноси како со власта, така и со опозицијата, рече Путин.

Во врска со претседателската кампања во Франција тој истакна дека Русија „на никаков начин не сака да влијае врз актуелните настани, но го задржува правото да комуницира со претставиците на сите политички сили во земјата, рече Путин и појасни дека така се однесуваат и другите европски држави и САД.

Ле Пен му се заблагодари на Путин за средбата и нагласи дека меѓу Франција и Русија има длабоки културни, економски и стратешки врски.

Би можело да ве интересира

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски