Царина: Ниту еден контејнер опасен отпад од Италија не стигнал во Македонија

Од:

Ниту еден контејнер со опасен отпад не е извезен од Италија и ниту една содржана тарифна ознака не се однесува на отпад, за кој при увоз, извоз и транзит постои посебен режим, информира денеска Царинската управа на Република Македонија.

Од Царината потсетуваат дека согласно Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување и Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад, Министертвото за животна средина и просторно планирање задолжително издава дозволи за увоз, извоз или транзит на отпадни материи.

Стоките кои се увезени во Македонија, како што се наведува, се замрзнато пилешко месо, банани, моторцикли, детски играчки, износена облека, ќебиња, јакни работни синтетички, регистратори, сардини во масло, оксиди на бакар и овча кожа.

– Царинската управа на Република Македонија на дневна основа во реално време преку систем SEED разменува податоци со Царинската управа на Република Албанија при што се врши спарување на податоците за она што излегува од едната, а влегува во другата земја, на кој начин се обезбедува совпаѓање на податоците, односно се превенира шверц, недозволена трговија и корупција, се вели во соопштението од Царинската управа, а во врска со пишувањата во некои медиуми за наводен опасен отпад кој од Италија влегол во Албанија и требало да помине на граничниот премин Ќафасан.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ