„Побједа“: Демократскиот фронт се откажа од референдум за членството на Црна Гора во НАТО

Од:

Црногорската опозициска коалиција Демократски фронт (ДФ) офијално се откажа од планот за организирање „народен референдум” за членството на Црна Гора во НАТО, објави подгоричкиот весник „Побједа“.

Членот на Претседателството на коалицијата, која се противи на членството на земјата во НАТО, и лидер на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ изјави дека референдумот би требало да го организираат заедно со останатите опозициски партии – Демократи, Демос и Социјалистичката народна партија.

– ДФ смета дека одлуката за евентуално влегување на Црна Гора во НАТО мора да се донесе на референдум. Моментно, никој не знае дали ќе дојде до ратификација на протоколот во Сенатот на САД, затоа секоја конструкција околу натамошните потези на противниците на членството и на поддржувачите, би била релативна. Сепак, доколку сегашното парламентарно мнозинсво реши таа одлука да ја донесе во Собранието, тогаш ДФ, Демократите, Демос и СНП кои се залагаат за одржување референдум, ќе треба заеднички да организираат алтернативен референдум, како јасен показател дека мнозинството граѓани се против зачленувањето во овој воен сојуз, рече Кнежевиќ.

Некои експерти, како и власта, овој потег го оценуваат како неуставен.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба