Оланд: Франсоа Фијон изнесува „лажни обвинувања“

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд остро реагираше на тврдењата на претседателскиот кандидат на партијата Републиканци (ЛР), Франсоа Фијон, кој директно го посочи шефот на државата дека е одговорен за аферата со неговите фиктивни вработувања.

Говорејќи во една телевизиска емисија на Франс 2 за обвинувањата дека фиктивно вработувал членови на неговото семејство, Фијон синоќа изјави дека аферата ја поттикнал актуелниот престедател, оценувајќи дека тоа претставува „државен скандал“. Фијон го обвини Оланд дека води „црн кабинет“ кој е извор на информациите во медиумите за неговите судски предмети.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Оланд не го дочека крајот на емисијата и веднаш реагираше со соопштение во кое стои дека „најостро ги осудува сите лажни обвинувања“ на Фијон.

– Извршната власт никогаш не интервенирала во ниту една судска постапка, одговори Елисејската палата, нагалсувајќи дека претседателот бил информиран за „особено сериозните судски проблеми“ на Фијон.

Според Оланд, тврдењата на Фијон претставуваат „неприфатливо прекршување“ на кампањата за претседателските избори закажани за 23 април.

– Овој скандал не е се однесува на државата, туку на едно лице кое ќе мора да одговара пред правдата, се вели во соопштението на Елисејската палата.

Фијон беше обвинет за прикривање и злоупотреба на јавни средства, како и за проневера на јавни фондови со фиктивното вработување на сопругата како негов парламентарен асистент.

На обвинувањата на Фијон реагираше и француксиот министер за правда, Жан-Жак Ирвоа, кој во кратка изјава укажа дека кандидатот на Републиканците како пратеник „постојано гласал против сите законски текстови за зајакнување на независноста на судството и промовирање на транспарентноста“.

Како потврда на тоа Ирвоа објави листа од шест законски текстови за транспарентност, борбата против корупцијата и модернизација на економијата против кои гласал Фијон од 2013 година до 2016 година.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток