СДСМ: Собранието брзо ќе ја избере новата Влада, демократските процеси никој нема да ги спречи!

Од:

„Македонија мора да оди напред. Собранието брзо ќе ја избере новата реформска Влада на Република Македонија.

Граѓаните избраа промени и избраа да ги водат сериозни политичари кои се грижат за интересите на луѓето и на државата, наспроти политиките на криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои за заштита на своите богатства и одговорност, се обидуваат да ја турнат земјата во длабока политичка криза и изолација.

СДСМ внимателно како и досега ги води политичките процеси што водат кон реализација на мнозинската волја на граѓаните.

Даваме пример како се работи во интерес на граѓаните и на државата. И така и ќе продолжиме да работиме откако ќе биде формирана новата Влада.

Порачуваме дека никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството на граѓаните на избори.
67 пратеници застанаа зад претседателот Заев. Има демократски формирано парламентарно мнозинство. Има Програма на новата Влада што ја штити унитарноста на државата и ги обезбедува потребите на сите граѓани.

Нема време за губење.

Парламентот и Ѓорге Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта.

Домашната и од меѓународната јавност очекуваат да се почитуваат резултатите од кредибилните избори на 11 декември и тоа е патот на демократските промени што се незапирливи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ