Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, по терористичкиот напад во Лондон, испрати писмо со сочувство до премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј.
– Со огорченост, вознемиреност и тага ја примив информацијата за грозоморниот терористички чин во Лондон. Од името на македонските граѓани и македонската Влада ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите, се вели во писмото на Димитриев.
Терористичките закани, како што се наведува, не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот и вредностите во кои верува демократскиот свет.
Република Македонија стои заедно со целокупната светска заедница во борбата против терористичките закани кои ќе бидат победени со соработка и координирани и заеднички активности, стои во писмото на Димитриев.