Намален бројот на магистри на науки и специјалисти во 2016 година

Од:

Во 2016 година звање магистер на науки и специјалист стекнале вкупно 2021 лице, што е намалување за 17.2 проценти во однос на 2015 година. Од вкупниот број, 1881 или 93.1 проценти се магистри и 140 или 6.9 проценти се специјалисти.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, од вкупниот број лица кои минатата година стекнале научен степен магистер на науки, 58.9 проценти се жени.

Најголем број од магистерските трудови, односно 1198 или 63.7 проценти, се од областа на општествените науки, 20.9 отсто од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование