Нов модерен трговски центар во Скопје

Од:

Општина Петровец наредната година ќе добие модерен трговски центар на површина од 10.000 метри квадратни. Градежните активности на терен забрзано се одвиваат, а во моментов се подигнува вториот кат од идниот мултифункционален комплекс кој ќе се простира на приземје и четири ката.

За посетителите е планирана изградба на паркинг простор со капацитет од 80 возила. Инвеститор во новиот трговски центар е италијанската компанија „Еуроиталиа“. Висината на оваа странска директна инвестиција изнесува 10 милиони евра. За изведувач на градежните работи е избрана компанијата „Ники градба“ од Скопје.

Засега не се објавуваат информации кои брендови и ланци на продавници ќе бидат дел од трговскиот центар. Предвидувањата се дека идниот комерцијален објект ќе отвори 100 нови работни места. Камен – темелникот беше поставен кон крајот на октомври минатата година и тогаш инвеститорот најави дека зданието ќе биде завршено до крајот на 2012 година, но според последните информации официјалното пуштање во употреба е пролонгирано за наредната година. Локалната власт соопштува дека италијанската компанија има купено уште една парцела од 6.000 метри квадратни во Катланово, каде што е предвидено да се реализира современ спортско – рекреативен комплекс и спа – центар на површина од 27.000 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје