СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури

Од:

„Мора да се одблокираат парламентарните процедури и соглаласно Деловкикот што побрзо да се избере претседател на Собранието.

Новиот претседател на Собранието ќе прати Допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за состав на новата Влада.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право заради заштита на криминалните интереси на Никола Груевски да се инволвираат во продолжување на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис секторот и на иднината на државата.

На кредибилни избори се избрани новите пратеници во Собранието кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламенатрно мнизинство.
Груевски имаше 20 дена, но не успеја да формира Влада.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го формираше потребното мнозинство во Собранието.

Тој веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото и решенија за потребите и проблемите на сите граѓани.

Европската унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и безбедноста. Тоа ги отвораат и европските перспекриви на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија.

Република Македонија мора да се движи напред. Следен чекор во политичките процеси во Македонија е формирање на новата реформска Влада“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ