Објавена фотографија од осомничениот напаѓач во Лондон

Од:

Британскиот весник „Гардијан“ објави фотографија од осомничениот за нападот пред Парламент во Лондон.

На фотографијата се гледа како здравствени работници му пружаат помош на осомничениот напаѓач, кој е на носила.

Во меѓувреме, британската министерка за внатрешни работи Ембер Рад изјави дека безбедноста на британскиот народ е приоритет на Владата.

– Главен приоритет на Владата е безбедноста на нејзиниот народ. Британскиот народ ќе биде обединет за заеднички да ги порази они кои сакаат да ги повредат вредностите кои ги делиме: вредностите на демократијата, толеранцијата и владеење на законот, посочи Рад.

Во нападот загинаа четири лица, а 20 се повредени. Меѓу загинатите е и напаѓачот и еден полицаец.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон