Британската Влада одлучи да се забрани внесувањето електронски апарати во кабините на патничките авиони на нивните директни летови кон Велика Британија, за патниците од шест земји од Блискиот Исток и северна Африка.
Оваа одлука на владата во Лондон е донесена само десетина часови по истата таква одлука што ја донесоа американските власти.
За разлика од Британците, американскит Секретаријат за внатрешна безбедност, таквата одлука се однсува за патници од осум земји, од десет аеродроми и од девет авионски компании.
Американската и британската одлука се објаснуваат со безбедносни причини и се поврзуваат со откритијата на разузнавачките служби, дека џихадистичката Исламска држава (ИД) „работи на тоа да се шверцува експлозив во патничките авиони, сокриен во електронските апарати.
Станува збор за лаптоп комјутерите, таблетите, ДВД плеерите, како и видео игрите. Од ова се исклучени само мобилните телефони и специјалните медицински апарати за патници со здравствени проблеми.
Во британската одлука, се вели дека вокабините на авионите е забрането се од електрониката, освен мобилните телефони.
Ваквата бзбедносна забрана се однесува за патниците од Турција, Либан, Јордан, Египет, Тунис и Саудиска Арабија кои летаат кон некои од аеродромите во Британија.
Во списокот на Американците се вклучени и Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.
Според Секретаријатот за внатрешна безбедност на САД, на летовите кон Америка се опфатени авионските компании „Ројал Џорданиан Ерлајнс„ „Еџипт Ер„ Туркиш Ерланс „„Сауди Арабија Ерлајнс„ „Кувајт Ерлајнс„ „Ројал Ер Мароко„ „Катар Ерлајнс„ како и „Емирати„ и „Етихад„.
Британската одлука, ги опфака и двете домашни компании- „Бритиш Ерлајнс„ и нискобуџетската „Изи Џет„. Во соопштението од Лондон се вели дека за прв пат новите безбедносни мерки се применети денеска, врз два лета на „Изи Џет„ од Турција и од Египет.
Со американската одлука, аеродромите на кои не ке може електронските апарати да се внесат во птничката кабина на авионите се – Казабланка, Истанбул, Каиро, Аман, Џеда и Ријад, Кувајт,Доха, Абу Даби и Дубаи.