СДСМ: Демократските процеси се незапирливи, ќе се формира новата реформска Влада

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев.

„Волјата на граѓаните е изразена на кредибилни избори реализирани на 11 декември.

Тие избори му одговараа на Никола Груевски додека се обидуваше да состави Влада, кога ги прифатил сите барања на албанските партии, освен работата на СЈО, како што е јавно соопштено од преговарачите.

Нема право Груевски со тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја продлабочува политичката криза и да ги кочи перспективите на граѓаните и европската иднина на Македонија, само затоа што тој не успеал да формира Влада и се плаши од одговорноста за направените криминали и злодела. Македонија мора да оди напред и ќе биде правна држава во којашто правото и правдата ќе важат подеднакво за сите.

Низ демократски процес е формирано новото парламентарно мнозинство кое што е составено од 67 пратеници. Тие пратеници ја претставуваат волјата на 700.000 граѓани! Мора да се почитува реалноста, а тоа е новото мнозинство во Парламентот. Согласно тоа ќе мора да течат процесите на формирање на парламентарните тела, изборот на нов претседател на Собранието и доделувањето мандат за состав на новата Влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција. Демократските процеси се незапирливи. Ќе се формира новата реформска Влада“ стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците