Еден од најголемите јапонски носачи на хеликоптери Кага, од денеска е во оперативна служба во јапонската армија.
Со тоа се обезбедени поголеми можности за распоредување трупи вон брегот на Јапонија во момент кога државата се спротивставува на растечко влијание од Кина во Азија.
Носачот на хеликоптери е со должина од 248 метри, втор најголем јапонски таков брод. Беше преземен од бродоградилиште во Јокохама.
– Кина се обидува да направи промени во Јужното Кинеско Море со бази и со постапки кои менуваат статус кво, создавајќи загриженост во меѓународната заедница, изјави заменикот министер за одбрана Такајуки Кобајаши на церемонијата на која имаше околу 500 луѓе.
Јапонските бродови може да носат по девет хеликоптери на палубата.