„Режимот во заминување ги прави последните обиди да ја дефокусира македонската јавност со наметнување проблем за да ја спаси својата глава, фирерот е толку забеган што пробува со националистички емоции и многу пари да ги нахушка своите партиски приврзаници да тргнат против својот народ.
Ајде сите заедно мои другари, другарки, сограѓани во еден глас да му одговориме на фирерот одлучно и достоинствено,
НЕ во мое име Диктатору!
Нема никогаш да ти ги заборавам:
1.Рушењето на Космос само за политички реваншизам!
2. Деградирањето на турската и ромската заедница и насилно користење на нивниот глас само за да опстои вашиот режим ( ЌЕ ГИ ВЛЕЧЕТЕ ЦИГАН ПО ЦИГАН ЗА УШИ НА ГЛАСАЊЕ)
– ГО РЕПРЕСИРАТЕ НАРОДОТ ВО ТУРСКОТО МААЛО!
3. 10 годинии вршевте изборни измами!
4. Удривте по демократијата ( прислушувавте недолжни граѓани и новинари) !
5. Монтиравте судски пресуди!
6. Се пресметувавте и физички и економски со сите ваши неистомисленици!
7. Додека народот гладува за леб вие купувавте плацеви на водно!
8. Вршевте исклучиво партиски вработувања ( ги партизиравте сите институции и ги ставивте исклучиво во функција на режимот)!
9. Нема да ви ги заборавам никогаш ниту Малата ТАМАРА И МАРТИН НЕШКОВСКИ!
10. Визарис и Сопот!
11. Тргувавте со идентитетот и унитарноста на името на државата!
12. Хашките случаи ( округло па на ќоше )!
13. Најголемиот удар врз интелектот на уметниците и крималниот проект СКОПЈЕ 2014!
МОЖАМ ДА БРОЈАМ УШТЕ МНОГУ…
За ова треба да одговарате! Или да си ја докажете вашата невиност… Токму затоа измислувате тирански платформи и заговарате меЃуетничка нетрпеливост!
Вие сте тие кои ја прифативте и наметнавте платормата само за една цел, да ги спасите своите незаконски спечалени пари на грбот на граѓанинот, додека народот едвам преживува вие уживавте со луксузните благодети кои ги земевте како арач од граѓанинот.
Доаѓа време кога граѓанинот ќе биде на пиедесталот.
Граѓанинот ќе заживее, ќе живее и татковината.
Мојата татковината, единствена, сплотена, уставна, економски стабилна, мултикултурна!
Доаѓа животот во Р.МАКЕДОНИЈА“, се вели во соопштението на Един Јакуповиќ.