Шумски пожари над беровско Русиново

Од:

Екипи на Територијалната против пожарна единица од Берово и ЈП Македонски шуми два дена гаснат два шумски пожари во атарот на беровското село Русиново. Како што изјави директорот на ЈП Македонски шуми, Подружница Берово, Никола Атанасов, пожарот на месноста Марина Лака утрово околу 8 часот е локализиран, додека се уште гори на другата локација каде е зафатена површина од 30 хектари.

– Во првиот пожар кај месноста Марина Лака беше зафатена површина од 10 хектари. Има мала штета на високата шума, но голема на насадите од мал бор, а најмногу е зафатена приватна шума. Овој пожар беше пријавен вчера во 14 часот, а локализиран утрово во 8 часот. Додека другиот пожар кој се уште е активен, е пријавен во понеделникот во 17 часот. Гори дабова и букова шума, зафатени се и нискостеблеста шума и сува трева. Овде изгореа и две стари плевни каде експлодираше муниција оставена од војните, што доплнително ја отежна работата на екипите, рече Атанасов.

Тој додаде дека и двата пожари се предизвикани од запалени стрништа или оган кој го палат сточарите.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме