Студија: Над половина милијарда луѓе во светот без пристап до вода за пиење

Од:

Над шестотини милиони луѓе во светот немаат пристап до вода за пиење, од кои повеќе од половина милијарда живеат во руралните области.

– Денес 663 милиони луѓе во светот се без вода за пиење и најголем дел од нив, околу 552 милиона живеат во рурални области, се наведува во извештај на „ВотерЕид“ по повод светскиот Ден на водата.

Папуа Нова Гвинеја, Мозамбик и Мадагаскар се меѓу државите кои се најмногу погодени од тој недостиг и меѓу 20 отсто од луѓето во светот каде најмногу влијаат климатските промени.

Шеесет и седум проценти од популацијата од руралните делови од Папуа Нова Гвинеја нема пристап до вода за пиење. Тоа се околу 4,4 милиони луѓе од вкупно 7,2 милиона жители на земјата.

Во Мадагаскар живеат 10,2 милиони жители во рурални области каде нема вода за пиење, од вкупно 22 милиона.

Во Мозамбик 11,5 милиони луѓе од 22,9 милиони немаат пристап до вода за пиење.

Држава со најголем процент на луѓе од рурални области кои немаат пристап до вода за пиење е Ангола – 71 отсто. Петтата најголема економска сила во Африка има популација од 22,8 милиони од кои 12,7 живеат во рурални области.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ