Европска унија мора посилно да се ангажира во Југоисточна Европа за да ја доврши евроатлантската интеграција на регионалните земји, со цел на местото на ЕУ да не дојдат некои други држави, се согласија денеска во Стокхолм шведскиот премиер Стефан Лофвен и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
– Разговаравме за загрижувачкиот развој на настаните во Југоисточна Европа и се согласивме дека ЕУ треба да има позначајна улога во регионот. Мораме се да направиме да тие земји почувствуваат дека се дел од европскиот план, посочи Лофвен на заедничката прес-конференција со Грабар-Китаровиќ.
Грабар-Китаровиќ истакна дека и покрај Брегзит, ЕУ мора повеќе да се ангажира и да ги охрабри луѓето за спроведување на реформите, со цел „празнината да не биде пополнета од други држави“.