ДУИ ги повикува сите политички сили што поскоро да изнајдат заеднички јазик и по институционален пат да ја решат политичката криза, рече Али Ахмети по средбата со комесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници.
Тој кажа дека треба да се внимава политичката криза да не стане етничка. Ахмети побара од СДСМ и ДПМНЕ да ги доближат разликите и да понудат решение.
Според него, јасно е дека ДУИ дала поддршка на СДСМ и дека стојат позади се што се договориле.