Откажани собирите во Германија за поддршка на референдумот во Турција

Од:

Официјална Анкара одлучи турски политичари да не одржуваат политички собири во Германија пред референдумот за зголемување на претседателските овластувања, соопшти денеска Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Сите собири кои се планирани ќе бидат откажани. Таква одлука е донесена во Анкара, изјави портпаролот на огранокот на АКП во Келн.

Тензиите меѓу Анкара и Берлин се зголемија поради забраната на германските власти за одржување на собири со турски политичари по повод референдумот, што треба да биде одржан идниот месец.

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека би можела да ги забрани сите идни кампањи на турските политичари.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници