Јавното обвинителство за финансиски предмети отвори истрага за министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ле Ру, откакао во една телевизикса емисија беше откриено дека тој ги вработил своите две ќерки за време на училишнот распуст како парламентарни асистентки, јави дописникот на МИА од Париз.
Во периодот од 2009 до 2016 година биле склучени 14 договори на одредено време за едната и 10 за другата ќерка, додека Ле Ру беше парламентарец, за вкупен надоместок од 55.000 евра. Од кабинетот на Ле Ру не се демантира веста, но се тврди дека неговите ќерки ги вработувал за време на летниот одмор како асистентки на одредено време, но не постојано. Сега ќерките на министерот се на возраст од 23 и 20 години, а просечната возраст на еден парламентарен асистент е 40 години.
Министерот денеска е повикан на разговор кај премиерот Бернар Казенев, кој изјави: „Кога сме приврзаници на авторитетот на државата, тогаш сме беспрекорни пред инсититуциите“.
Оваа нова афера со вработувања на свои блиски како парламентарни советници, доаѓа по аферата со сопругата на поранешниот премиер Франсоа Фијон, кој сега е официјално обвинет поради фиктивни вработувања, но тоа не го попречува да биде кандидат за претседател на Републиканците.