Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко соопшти денеска дека властите уапсиле дваесет лица, кои подготвувале вооружени провокации.
Тој истакна дека уапсените лица била обучувани во кампови во Белорусија и во Украина, а биле финансирани од Полска и од Литванија.
Тој нагласи дека лицата кои се стремат „да ја разгорат ситуацијата во земјата“ не се „никаква опозиција“, а се управувани од „тајните служби на одредени земји“.
Белорускиот претседател вети дека нема да дозволи уривање на власта во земјата.
Во Белорусија се одржуваат големи протести поради воведувањето на нов данок на трудот.