Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон наредната седмица во Москва ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров, јави ТАСС, повикувајќи се на дипломатски извори.
– Посетата се случува по покана на рускиот министер за надворешни работи. Се планира во преговорите да бидат разгледани руско-британските односи и тековни меѓународни прашања, меѓу кои и оние за Сирија и Украина, изјави неименуван претставник на руското Министерство за надворешни работи.