Координација за продолжение на конститутивната седница

Од:

Во македонското Собрание денеска почна координативната средба на претставници на парламентарните групи на која треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата како предуслов за закажување продолжение на конститутивната собраниска седница.

Како што информира во петокот претседавачот со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав Трајко Вељаноски, средбата е закажана согласно консултациите со овластени претставници на парламентарните партии, а по иницијативата поднесена од СДСМ поткрепена со потписите на 67 пратеници за продолжување на Конститутивната седница.

Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на Конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Парламентот.

Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.

Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска