Скопје меѓу трите европски градови со најдобри решенија за мобилност

Од:

Град Скопје е меѓу трите европски града со најдобри решенија за одржлива мобилност, заедно со Лисабон и Малме. Наградата на Европската недела на мобилност 2016, која оддава признание на локалните власти кои вложуваат напори за подобрување и промовирање на одржливиот урбан транспорт беше доделена синоќа во Брисел, а му припадна на градот Малме.

На доделувањето на наградата на Европската недела на мобилност 2016 присуствуваа градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претседателот на Советот Ирена Мишева.

Трајановски, како што соопшти Град Скопје, потсетил на реализираните проекти кои ги оценувала Европската комисија: воведувањето на системот за автоматска локација на автобусите и електронска наплата на билетите, вклучувањето на приватните превозници во единствениот систем за јавен превоз во градот, функционирањето на Центарот за управување и контрола на сообраќајот кој контролира 90 крстосници, набавка на електромобили, изградба и реконструкција на две велосипедски рути кои се протегаат од едниот крај на градот до другиот…

– Европската комисија го препозна напредокот во Скопје во однос на одржливата мобилност и ни даде поттик и во периодот што е пред нас посветено да работиме во интерес на граѓаните и на подобрување на условите за одржливо движење во градот, истакнал Трајановски.

Наградата на Европската недела на мобилност се однесува на петнаесеттото издание на Европската недела на мобилност (ЕНМ) што се одржа од 16 до 22 септември 2016 година, а во кое се вклучија 2.427 града, што е најмасовно учество во оваа манифестација досега. Експертите од областа на мобилноста и транспортот издвоија 10 кандидати и три финалисти меѓу поднесените 63 апликации од 23 земји. Во потесниот избор градови влегоа и Бјалисток (Полска), Крушевац (Србија), Палма (Шпанија), Прага (Чешка), Самос (Грција), Софија (Бугарија) и Валенсија (Шпанија).

Според Европската комисија, Скопје се истакна со својата долгорочна визија за одржливи начини на превоз, напредок во обезбедувањето подобри транспортни услуги за граѓаните, како и посветеноста на проектот „SOCIALCAR“, кој на граѓаните ќе им овозможи да го споделат своето возило со другите, да заштедат пари за превоз и да ја заштитат животната средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето