А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европратениците оптимисти но и реалисти: Има блокада од Грција и проширувањето не е приоритено за ЕУ

by А1он11/12/2012 - 13:42185
Share0

Проширувањето не е приоритет за Европската унија смета копретседателот на групата на Зелените во Европскиот парламент Даниел Кохн Бендит.

Добивај вести на вибер

 – Не можам да ви кажам дали Советот ќе одлучи да отвори преговори. Се додека европската арихитектура е таква каква што е, проширувањето не е оправдливо. Европа е блокирана. Гледано од внатре на Европа, не може да се поставува прашањето за проширување без да се разреши архитектурата и функционирањето на инсититуциите, истакна Кохн Бендит одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Стразбур дали мисли дека Советот ќе одлучи да и додели датум за преговори на Македонија.

Според него проширувањето кон земјите на Западен Балкан треба да се разгледува глобално.

Ребека Хармс, копретседателката на групата на Зелените во ЕП смета дека  Грција треба да биде за отворање на преговори со Македонија и дека таа има интерес од проширувањето на ЕУ кон територијата на Балканот. Според изјавата на германската европратеничка за Дојче Веле, блокадите не носат ништо.

Австрискиот европратеник Јоханес Свобода, кој претседава со групата на Европските социјалисти и демократи во ЕП, изразува доза на оптимизам дека е можно да се добие датум за преговори. Но, според него и натаму останува присутен отпорот на Грција против давањето датум за почеток на преговорите. Свобода сепак се надева дека постојат извесни промени и дека е можен напредок. Тој се залага за позицијата, која најчесто можеше да се слушне изминатиов период како можно решение за деблокирање на ситуацијата – почеток на преговори и паралелни преговори за решавање на спорот со името.

Ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите, вели тој, тоа може да биде лошо за нејзината стабилност, но и за регионот.

Жозеп Дол претседателот на групата на народните партии во ЕП како што пренесува Дојче Веле, се надева дека Советот конечно ќе донесе одлука за почеток на преговорите, но додава дека проширувањето не е главната тема на Советот.

Францускиот европратеник смета дека Грција и премиерот Самарас мора да направат напори за да го решат ова прашање, бидејќи оваа ситуација не може да се одржува вечно.

ЕП на повеќе пати во своите резолуции го повика Советот на ЕУ да започне преговори за членството на Македонија во Унијата.

eu

Би можело да ве интересира

ЕК предлага суспензија на договорот со Израел и санкции врз израелските министри и Хамас

Горан Наумовски17/09/2025 - 18:20

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат

Горан Наумовски17/09/2025 - 18:00

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта

Горан Наумовски16/09/2025 - 20:05

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:01

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски10/09/2025 - 11:0510/09/2025 - 11:05

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Горан Наумовски10/09/2025 - 07:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен