Оланд повторно ќе го победи Саркози?

Од:

Според првичните резултати по првиот поминат круг на парламентарните избори во Франција води левицата. Социјалистите освоија 34,9 отсто од гласовите, Фронтот на Левицата освои 6,9 проценти, крајната левица 1 отсто, Европа Екологија – Зелените 5,3 проценти.

Ова покажува дека Оланд со вторит круг ќе го освои потребното мнозинство од 289 пратеника во парламентот.

Досега владејачката десница УМП, според проценките, има освоено 35,4 отсто од гласовите.

Во првиот круг Французите не биле многу расположени за гласање. Дури рекордни 42,8 отсто од гласачите не се појавија на избирачките места.

Наредниот круг е на 17-ти јуни, но Оланд веќе може да смета на апсолутната моќ во Франција која ќе му овозможи да ги спроведе планираните реформи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм