Прифаќање на скитниците во Истанбул, дебелите мачки се нешто добро

Од:

Економист – Лондон

Страста на Турците за уличните мачки и кучиња на интернет доживува процут – и понекогаш ги настрвува локалните жители против владата

Исполегнати по чергичињата пред портите, на клупи по кафе барови, во амамите: уличните мачки и кучиња се насекаде низ Истанбул. Околу 130.000 кучиња скитници се рашетани низ градот, додека најмалку 125.000 диви мачки се „шлаат“ по улиците низ градот. Распространетоста на бездомните животни низ градот не е ништо ново: „Кучињата спијат по улиците, по целиот град“, напиша Марк Твен по посетата на Истанбул во 1867 година. „Тие нема да се помрднат, дури и самиот султан да помине покрај нив“. Од неодамна, нивното присуство добива нов, помодерен пресврт.

Популарноста на фотографии и видео снимки од животни на социјалните медиуми – заедно со страста за слушање на добри вести во Турција – ја засили популарноста на овие суштества, и дома и надвор од земјата. Постојат барем десетина страници на Фејсбук посветени на животните скитници од Истанбул. Една од нив, „Мачките од Истанбул “ („Cats od Istanbul“) има речиси 70,000 следбеници; нејзиниот братучед посветен на кучињата „Кученцата од Истанбул“ („Pups of Istanbul“) е нешто поскромен, има само 20,000 следбеници, и само ја покажува бесмисленоста во натпреварот со мачките на интернет. Една фотографија, онаа за Томбили, крзнениот дебелко кој безгрижно се растегнува на една скала, ги предизвика неговите фанови да му излијат бронзена статуа, која беше поставена откако тој умре. Лудилото исто така се префрли и од малите на големите кино платна: во февруари, долгометражниот документарец „Кеди“ посветен на мачките во градот беше премиерно прикажан во Њујорк, а сега редовно се врти низ цела Америка.

Многу истанбулци ги третираат овие скитници исто како што го правеле тоа и нивните дедовци и баби: касапите им фрлале остатоци од месо; во зима, мештаните граделе малечки куќички за да можат мачките таму да спијат. Од 2004 наваму, според правилата во европските конвенции, општините треба да ги фаќаат и вакцинираат кучињата; речиси сите се опремени со електронски чипови каде е забележана нивната здравствена историја. Ова е скапа работа: помеѓу 2009 и 2016 година, централната влада потрошила околу 19 милиони турски лири (пет милиони долари) во 40 општини за згрижување на животни скитници. Изгледа дека мачките создаваат помалку проблеми, иако во 2005 година претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш беше премиер, го доби случајот на суд против секуларниот весник Џумхуриет и карикатуристот, каде беше објавена карикатура со него маче заробен во клопче од волна. Карикатуристот сега е во притвор, и тој е еден од стотиците новинари против кои се водат процеси по неуспешниот државен удар минатото лето.

Властите спроведуваат драстични и непопуларни мерки за да се справат со животните скитници. Во 2012, владата се обиде да провлече закон со кој треба да се отстранат уличните кучиња и мачки на оддалечени и напуштени места, кои самата ги нарече „паркови на природата“. (Ова е копија на чекорот на властите од 1910 година за да се отстранат 80,000 кучиња на остров и да се остават таму да изгладнат до смрт). Но сепак се откажа, откако жестоко одговорија активистите и љубителите за заштита на животните и сопствениците на кучиња. Илјадници излегоа на улиците. Неодамна неколку жени кои носеа маски со животински ликови во крајбрежниот Аланија, се обидоа да започнат петиција „како мачки“ против убивањето на речиси 50 улични мачки од нивниот род – и беа спречени затоа што им беше објаснето дека само луѓе можат да се потпишат на петиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски