Нов „трипл-дабл“ на Харден, но и пораз на Хјустон

Од:

Џејмс Харден го оствари 18-от „трипл-дабл“ сезонава, но неговата екипа Хјустон загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 128:112 во еден од седумте натпревари одиграни во НБА лигата.

Харден средбата ја заврши со учинок од 41 поен, 14 скокови и 11 асистенции, но тоа не му помогна на Хјустон да го избегне поразот од Њу Орлеанс, тим за кој Саломон Хил постигна 30 поени, а Ентони Дејвис оствари „дабл-дабл“ со 24 поени и 15 скокови.

Џон Вол забележа рекордно 20 асистенции, а имаше и 14 поени, во победата на Вашингтон над Чикаго со 112:107 по која тимот на „Булси“ го претрпе седмиот пораз во последните осум натпревари и ги намали своите шанси за пласман во плеј-офот

Во неизвесна завршница Бостон го победи Бруклин со 98:95. Џеј Краудер го имаше својот најдобар натпревар сезонава со 24 поени и 12 скока да ги предводи Селтик до оваа победа. Сепак јунак за „Селтикси“ беше Краудер кој при резултат 85:85 постигна тројка, а во следниот натпревар постигна кош и даде дополнително слободно фрлање.

На останатите натпревраи одиграни ноќеска беа постигнати овие резултати: Филаделфија – Далас 116:74, Детроит – Торонто 75:87, Мајами – Минесота 123:105, Феникс – Орландо 103:109 и Л.А.Лејкерс – Милвоки 103:107.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on