Му влегле во дворот од куќата и пукале во воздух

Од:

Г.Н. (20) од село Арачиново вчера во 18.20 часот во ЕИК пријавил дека претходно, во 17.30 чсот, три непознати лица влегле во дворот на семејната куќа и едно од нив вперило пиштол и пукало во воздух. Во тоа време во куќата, покрај пријавителот Г.Н., биле и неговата мајка, сестра и брат, известуваат од МВР.

Лицата почнале да тропаат на вратата од дворот од куќата и да извикуваат погрдни зборови, а потоа ја отвориле портата и едниот од нив вооружен со пиштол влегол во дворот и испукал два куршума во воздух. Г.Н. истрчал од домот во дворот од куќата и затекнал непознато лице, кое држело пиштол вперен кон куќата, а забележал и други лица кои се обидувале да го извлечат вооружениот надвор од дворот.

Потоа лицата влегле во возило, а кога Г.Н. се поткачил на ѕиданата ограда од дворот, вооруженото лице, кое седело на возачкото седиште, низ отворениот прозорец испукал еден куршум во правец на пријавителот.

Набргу по настанот Г.Н. излегол од дома и движејќи се пеш околу 19 часот забележал како истото возило (во коешто биле сите трите лица) повторно поминува пред неговата куќа. Притоа, не застанувајќи пред куќата, некој од сторителите испукал, најверојатно, во воздух уште неколку куршуми, а веднаш потоа движејќи се со возилото повторно во правец на главната улица, се оддалечиле во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а од местото се подигнати три чаури. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Едниот од браќата осомничени за убиството во Арачиново е во притвор, другиот е во бегство

Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи

А1он

Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е маж од Арачиново осомничен за убиство

Горан Наумовски

Маж од Арачиново бил ранет пред семејната куќа