Во Јапонија првпат се организира вежба за евакуација во случај на ракетен напад од Северна Кореја

Од:

Стотина лица од крајбрежниот јапонски град Ога, во северниот дел на земјата, денеска учествуваа во првата вежба на евакуација, организирана за увежбување на подготвеноста на населението и локалните власти во случај на ракетен напад од Северна Кореја, јавија јапонските медиуми.

Вежбата во Ога се оддржа помалку од две недели откако Северна Кореја лансираше неколку ракети кон Јапонија. Три од нив паднаа во крајбрежниот појас на ова градче, во кое живеат приближно 29.000 жители.

Токио стравува од напад врз својата територија, откако во 1998 година балистичка ракета со среден дострел прелета над северна Јапонија и падна во западниот дел на Тихиот Океан, без притоа да биде испратено какво било предупредување.

Севернокорејскиот режим го засили темпото на развој на својата ракетна програма и од минатата година неговите ракети паѓаат се поблиску до јапонскиот брег.

Денешната вежба симулираа сценарио за уште поблиско паѓање на ракета во територијалните води на Јапонија, односно до 22 километри од крајбрежниот појас.

Во вежбата учествуваа 110 жители на Ога, а меѓу нив и ученици од основно училиште.

Северна Кореја директно не беше спомената, туку се зборуваше за „непозната земја“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови