А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Средба на министерот Агим Нухиу со делегација од германскиот Бундестаг

by А1он16/03/2017 - 16:2817/03/2017 - 08:15161
Share0

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска се сретна со претставници на Комисијата за избори, имунитет и деловничко уредување од германскиот Бундестаг, придружувани од Кристине Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

На средбата, како што соопшти МВР, двете страни ја потенцирале успешната и плодна соработка помеѓу двете земји.

– Според министерот Нухиу, долгогодишната соработка е полна со доверба и се протега на многу области. Министерот Нухиу, воедно, изрази и благодарност за поддршката која ја добиваме од СР Германија, како од аспект на материјално-техничка опрема, така и од аспект на организирање разни обуки и усовршување во различни области од полициското работење. Претставниците на Бундестагот истакнаа дека соработката и партнерството со Република Македонија ќе бидат продлабочени и интензивирани и во иднина, со цел евро-атлантска интеграција на земјата, се вели во соопштението.

Министерот за внатрешни работи на средбата се осврнал и на актуелната ситуација во Република Македонија, при што истакнал дека МВР има капацитети и е максимално посветена во одржување на јавниот ред и мир и безбедноста и сигурноста на сите граѓани.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvrnuhiu

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео