Меркел: Холандските избори се „добар ден за демократијата“

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека парламентарните избори во Холандија, што се одржаа вчера, се „добар ден за демократијата“.

– Многу без задоволна и мислам дека многу луѓе се задоволни затоа што високиот одзив на гласачите доведе до многу проевропски резултат, изјави денеска Меркел во Берлин.

Според германската канцеларка, како што јави дописникот на МИА од Берлин, холандските резултати во кои наспроти очекувањата Партијата на слободата на ултранационалистот Герт Вилдерс не стана најголема партија во земјата, се јасен сигнал за Европската Унија.

– Тоа е јасен сигнал кој доаѓа неколку дена откако Холандија мораше да се справи со обвинувањата од Турција кои се целосно неприфатливи и само неколку денови по кои ние ја покажавме нашата солидарност, реле Меркел.

Таа остро се спротивстави на обвинувањата од Анкара, која минатата недела обвини дека забраните на неколку членки на ЕУ за одржување на политички собири на кои учествуваат турски министри, се по урнекот на нацистичка Германија.

Меркел од турските власти побара да не ги споредува властите во Германија и Холандија со нацистичкиот режим на Хитлер.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија