Европската комисија денеска соопшти дека очекува договорот за миграција меѓу Европската унија и Турција да остане во сила, бидејќи тоа е од интерес за двете земји, како и за сириските бегалци.
– Тоа е прашање за взаемна доверба, посочи претставник на ЕУ.
Тој наведе дека денеска Комисијата издвоила 34 милиони евра за помош на 230 илјади деца на сириски бегалци, кои престојуваат во Турција.
ЕК забележа дека тоа е најголемата хуманитарна програма во областа на образованието во услови на вонредени околности.
Исплатата на сумите ќе биде го готово и ќе започне за месец и половина.