Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни и лизгави коловози, особено во западниот дел од државата каде се бележат врнежи од снег.
Поради врнежи од снег и остатоци од снег на коловозот, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – Маврово – Дебар и Охрид – Буково – Ресен, како и на потот Струга – граничен премин Ќафасан.За патничките возила на тие патни правци АМСМ препорачува употреба на зимска опрема.
До сите возачи се укажува на исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките планински и осојничави места има појава на голомразица.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за поседување зимската опрема во возилата,обврска која трае до 15 март следната година.