Повик за стипендии за истражување и уметнички престој во Словачка во 2017/2018

Од:

Амбасадата на Словачка во Македонија соопшти дека до крајот на април е отворен повикот за аплицирање за стипендија во рамки на Националната програма за стипендирање на Република Словачка за истражување и уметнички престој во текот на учебната 2017/2018 година.

– Краен рок за поднесување на апликацијата преку веб-страницата www.scholarships.sk е 30 април 2017 година, до 16 часот. Националната програма за стипендирање на Република Словачка ја поддржува мобилноста на странски студенти, постдипломци, докторанти, универзитетски професори, истражувачи и уметници во словачките универзитети и во истражувачките организации, информира Словачката амбасада.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март