Општина Кратово објави јавен повик за иницијативи за изработка урбанистички планови за годинава

Од:

Локалната самоуправа на општина Кратово денеска објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2017 година.

Јавниот повик се распишува согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, а иницијативи можат да доставуваат сите правни и физички лица во следните 30 дена.

Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки урбанистички план или урбанистичко планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

Јавниот повик ќе трае до 15 април, а објавен е на веб страната и на огласна табла на општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во службеното гласило на општина Кратово.

Од општина Кратово информираа дека заинтересираните правни и физички лица можат да ги достават иницијативите во писмена форма во архивата на општина Кратово или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.

За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите. Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат внесени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он