„Дизајн што продава“ викендов во Скопје

Од:

Стимулација за младите претприемачи и брендовите во развој во Македонија е целта на настанот „Дизајн што продава“, кој претстојниот викенд ќе се одржи во Скопје.

Според организаторот, учеството и програмата им помагаат на сите учесници да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар. Настанот, се наведува, нуди можност и за комуницирање и соработување со дизајнери и маркетинг агенти од регионот, кои работат за некои од највлијателните брендови во индустријата.

– „Дизајн што продава“ е одлична можност да прашате каква порака пренесува вашата амбалажа не само за производот туку и за вашиот бренд. Главната идеја зад овој настан е да овозможи продажба, даде видливост на вашиот бренд, ви помогне да комуницирате со експертите со цел да размените идеи, да ги споделите најдобрите искуства кои сте ги имале до сега, да изградите стратешко партнерство и да го зголемите профитот од вашето работење, се наведува за настанот.

Настанот ќе се одржи во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, отворен е за јавноста, а влезот е слободен за време на предавањата. Програмата нуди и дополнителна можност за тет а тет средби и соработка со дизајнери и маркетинг агенти од регионот, кои работат за некои од највлијателните брендови во индустријата.
„Дизајн што продава“ е во организација на „Јавна соба“ и „Grow up Academy“, и е поддржан од страна на Swiss Contact.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Ана Ололовска