НДМ: Груевски и Заев ризикуваат Пржино 3 и повторно заклучување во Клубот на пратеници, доколку веднаш не договорат избори

Од:

„Народно движење за Македонија ја поздравува синоќешната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека решавањето на кризата со изборот на новата влада треба да се одвива на поширока основа со вклученост на сите засегнати страни.

Оттука, НДМ сега повикува на следниот чекор за решавање на кризата, а тоа е на поширока основа да се договорат нови избори за излез од ќор-сокакот во кој е заглавена земјата.

За НДМ и народот изборите се во интерес на Македонија, бидејќи и во случај СДСМ да формира влада, уште од сега е јасно дека една таква влада нема да биде функционална поради најавата за секојдневна блокада на институциите од противниците на сеалбанската платформа и ризикот од братоубиствена меѓумакедонска војна.

Затоа, НДМ силно ги охрабрува Груевски и Заев да ги надминат личните суети и да договорат нови избори како најдобро можно решение, бидејќи, во спротивно, ризикуваат да дојде до нов договор „Пржино 3“ и пак да бидат изложени на непријатните сцени како во случаевите Пржино 1 и Пржино 2 кога странците ги заклучуваа во Клубот на пратеници до раните утрински часови за да изнудат решенија од нив за актуелната криза“, соопштуваат од НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска