Бериша: Државјанство за секој Албанец ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша смета дека  одлуката за давање државјанство на секој Албанец каде и да се наоѓа, не го дестабилизира регионот туку напротив „произведува стабилност на Балканот“.

– Давањето на државјанство на сите Албанци верувам дека ќе придонесе за мирот и стабилноста на регионот, изјави Бериша на заедничката прес-конференција со поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај во Тирана.

Како што најави, одлуката за давање  албанско државјанство на сите Албанци албанската Влада ќе ја донесе во текот на оваа недела.

– Моите ставови во врска со албанското државјанство, убеден сум, многу придонесуваат за мирот и стабилноста во Балканот. Од друга страна, се адаптирани од неколку земји на ЕУ. Македонците немаат проблеми околу изборот на идентитетот со Албаниците. Пријателска Бугарија, им дава државјанство на оние кои сакаат да добијат, не го прави тоа поради територијални претензии кон Македонија. Тоа е историска одлука на бугарската влада. Бугарија е еден од придонесувачите за признавањето на Македонија. Ова е практика која не го дестабилиза регионот туку призведува многу повеќе стабилност и развој, изјави Бериша.

Харадинај го поздрави ставот на Тирана за издавање албански државјанства на сите Албанци во регионот, додавајќи дека „тоа е право на сите Албанци кои од 1913 година живеат надвор од соите граници“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски