Египетскиот обвинител го одобри денеска ослободувањето на Хосни Мубарак, изјави адвокатот на поранешниот претседател.
Оваа одлука на обвинителот следеше, откако неодамна Апелацискиот суд го ослободи Мубарак по обвинението за смрт на демонстрантите во текот на бунтот во 2011 година, кој доведе до негово симнување од власт.
– Кога лекарите ќе кажат дека тој е во добра сосстојба, може да си замине дома, изјави адвокатот Фарид ел Диб.
Адвокатот додаде дека на Мубарак меѓутоа му е забрането да ја напушта земјата поради друга истрага во врска со проневера на јавни средства.
Мубарак (87) е во притвор во воената болница во Каиро, каде мина најголем дел од времето од апсењето во 2011 година.