ВМРО-ДПМНЕ: Кумановчани плаќаат највисок данок на имот во Македонија

Од:

„Граѓаните на Куманово, благодарение на Зоран Дамјановски плаќаат највисок данок на имот во Македонија.

Во обид да ја покрие финансиската загуба на речиси сите јавни претпријатија во градот, Зоран Дамјановски примени мерка која директно паѓа на товар на граѓаните и удира по нивниот семеен буџет и стандард.

За време на владеењето на СДСМ и Зоран Дамјановски на локално ниво се покачија даноците за недвижен имот.

Кумановчани плаќаат данок на недвижен имот повисок за 200%, па се до 1000% повеќе во споредба со предходните години.

Зоран Дамјановски се реши на овој непопуларен чекор со една единствена цел, да го полни општинскиот буџет. Општината оди дури и чекор понатаму, па на граѓаните кои ја обжалуваат оваа одлука им додаваат и дополнителни давачки и трошоци, со што директно им се закануваат и ги заплашуваат.

Кумановчани се соочени со овој огромен и непотребен трошок. Тие не добиваат никакви подобри услови со кои би се оправдал истиот.

На граѓаните веќе им е јасно дека Зоран Дамјановски, Куманово наместо европска општина ја претвори во личен и партиски вилает кои се дави во проблеми. Куманово се соочува во диви депонии, сообраќајната инфраструктира е катастрофална, јавните претпријатија се пред банкрот, а претстои и опасност Куманово да остане без улично осветлување, поради огромниот долг спрема ЕВН Македонија.

Зоран Дамјановски општина Куманово ја претвори во лична своина, во која реализира само лични и партиски интереси.

Зоран Дамјановски и понатаму продолжува да го отежнува животот на кумановчани, со дополнителни давачки кои ги користи за крајното недомаќинско работење на општината, а резултатот на тоа  е полош и потежок живот за неговите сограѓани“, изјави Јордан Пачков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски