Две лица загинаа во стампедо на рок концерт во Аргентина

Од:

Две лица загинаа, а повеќемина се повредени во огромната турканица и стампедо на синоќешниот рок концерт во Аргентина, пренесоа француските медиуми.

Десетина лица, меѓу кои и една жена, се наоѓаат на интензивна нега во блиските болници.

Над 300.000 лица вчера го окупираа градот Олаварија, во близина на главниот град Буенос Аирес, за да го слушаат Индио Солари.

– Ситуацијата излезе од контрола. Не очекувавме толку многу луѓе, изјави градоначалникот Есекиел Гали.

Тој забележал дека вообичаено на концертите доаѓале „само“ 170.000 лица.

Градот Олаварија има 130. 000 жители. а вчера во градот влегле 100. 000 автомобили.

Турканицата настапила веднаш по почетокот на концертот. По само 20 минути Индио Солари го прекинал концертот.

Минатата година 68-годишниот Солари на јавноста и откри дека има Паркинсонова болест. Неговите концерти редовно привлекуваат мноштво фанови од сите генерации во земјата.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј