Специјални полициски сили, по немирите, ги расчистуваат улиците на грузискиот град Батуми

Од:

Специјалните единици на грузиското Министерство за внатрешни работи ги отстрануваат од улиците на грузискиот град Батуми демонстрантите, кои запалија автомобили на полицијата и на локални жители и нападнаа инфраструктурни објекти, пренесе ТАСС.

Силите за борба со безредијата со штитови и палки ги ослободија за 15 минути улиците на Батуми, на кои беа извршени вандалски активности. Повеќето учесници избегаа кога пристигнаа специјалните единици. Според податоците на локалните медиуми, уапсените се околу 10 лица.

Неколку стотици жители на градот синоќа го прекинаа сообраќајот околу зградата на главната полициска станица во градот, барајќи ослободување на шест лица приведени заради непослушност на легални полициски наредби. Тие ги обвинуваат вработените во органите на редот во надминување на овластувањата, што се негира од страна на силите на редот, пренесува ТАСС.

Околу 1:30 часот по локално време учесниците во протестот се разотидоа. Група млади, од кои некои маскирани, сепак превртеа и запалија околу 10 возила.

При судирите, полицијата употреби сила и солзавец, а во акцијата настрадаа шестмина полицајци и 15 учесници.

Сите приведени се ослободени, но против нив се поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он