Кошаркарите на Куманово по продолжение синоќа ја постигнаа првата победа во кошаркарската Супер лига. Тие на домашен терен го совладаа Кожув со 108:103.
Комплетната прва петорка на Куманово имаше двоцифрен број поени, а најефикасен беше Марјан Јанески со 29, додека на натпреварот најмногу постигна Кенион Мек Нил од Кожув, 31 поен.
Другите дуели од 1.коло од Супер лигата се одложени и ќе се играат следниве денови: Карпош Соколи – Работнички (15 март) и МЗТ Скопје Аеродорм – Фени Индустри (16 март).
На дуелите од стартното коло од плеј аут лигата: Струмица – Вардар 63:61 и Пелистер – Охрид 66:83.